Препознатливата црнка со долга права коса направи драстични промени кога е во прашање нејзиниот изглед
Ким реши да се потшиша, па на еден неодамнешен настан се појави речиси непрепознатлива.
Ким Кардашијан имаше многу различни стилови низ годините, а сега го покажа својот сосема нов изглед на забавата „This Is About Humanity“ во Лос Анџелес. Ким изгледаше неверојатно додека одеше на црвениот тепих покрај мајката Крис и дебитираше со своите нови шишки.
Ријалити ѕвездата ја носеше долгата црна коса во реп, додека шишки и го врамија лицето.
Своите препознатливи облини ги истакна носејќи тесен црн макси фустан. Својот струк го нагласи со кожен ремен, а се заврши со Шанел чанта и златно ланче.
Ким доби многу комплименти за нејзиниот нов изглед, а нема сомнение дека ова ќе го привлече вниманието на шишките, па затоа очекуваме жените ширум светот повторно да ги вратат на големо.