Ким ја откри причината за раскинувањето со Пит Дејвидсон: „Пребрзо се впуштив во нова врска, не го преболев…“

popara21 јули, 20231min00
o_29816767_1280

Точно една година по раскинувањето со комичарот Пит Дејвидсон, американската претприемачка и реалити ѕвезда Ким Кардашијан откри дека длабоко жали што пребрзо скокнала во таа врска, пред да го преболи разводот од нејзиниот сопруг, американскиот рапер Канје Вест.

„Сакав да го заборавам, но тоа не функционира на тој начин. Треба да одвоите време, бидејќи не можете да избегате од некои работи. Процесот на загуба треба да се заврши до крај, бидејќи само така можете да си ја излечите душата, а потоа да ги предадете чувствата на друга личност со чисто срце“, објасни 42-годишната Ким во последната епизода на „The Kardashians“.

image

Ким и Пит Дејвидсон ја завршија својата романса по девет месеци, а како причина го наведоа нивниот напорен распоред. Нив ги спои нејзиното појавување во шоуто „Saturday Night Live“ во октомври 2021 година. Според сценариото на шоуто, тие се бакнуваа пред камерите бидејќи Пит го глумеше Аладин, а Ким ја глумеше принцезата Јасмин, што беше поттик за нивната страст. „Кога се бакнувавме, јас си помислив: „Хм!“ Тоа беше бакнеж на сцената, но сепак имаше хемија. Да се ​​разбереме, тоа не беше супер-лудо чувство, но имаше неколку искри. Се сетив дека не сум бакнала маж освен Канје десет години“, рече Ким во подкастот на Аманда Хиршни, но „Not Skinny But Not Fat“.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma