Кога холивудската актерка Кира Најтли се појави на проекцијата на филмот „Boston Strangler“ во Музејот на модерна уметност во Њујорк, беше јасно зошто нејзиниот стил беше тема на разговор.
37-годишната ѕвезда на филмот „Пиратите од Карибите“ носеше готски стајлинг кој се состоеше од црн корсет фустан со големи ракави и долго црно здолниште кое допираше до глуждот.
Целиот аутфит имаше мали кристали на ткаенината, кои внесоа сјај во нејзиниот изглед.
За накит носеше тенко ланче и прстени, а косата слободно ѝ паѓаше.
Нејзината шминка е многу умерена, па ја истакна нејзината природна убавина.
Целиот аутфит го комплетираше со црни сандали кои на долниот дел имаа блескави детали, па се вклопија со фустанот и целиот аутфит.