Кијану Ривс за прв пат во јавност ја бакна неговата десет години помлада девојка: Сликите се спектакл!

popara17 април, 20231min00
tan2023-03-21043418674-830x0

Холивудскиот актер Кијану Ривс за прв пат се најде на црвениот тепих и јавно разменуваше нежности со својата избраничка Александра Грант, а фотографијата од нивниот бакнеж стана сериозно вирална.

Иако Кијану на почетокот ја криеше својата врска, во последно време се почесто излегува со својата девојка, позирајќи заедно на црвените теписи, а сега дојде моментот да споделат нешто повеќе пред камерите.

Актерот и неговата избраничка сега си размениле мал бакнеж, кој насобраните фотографи го фотографирале, бидејќи тоа било нешто што до сега не можеле да го направат, а фотографијата од овој редок момент веднаш го обиколи светот.

Александра пристигна на црвениот тепих како самовила во долг лелеав црвен фустан, додека Кијану беше вистински џентлмен во црн смокинг.

Дуото изгледаше многу среќно и задоволно, а се чини дека се одлучиле на оваа постапка бидејќи нивните обожаватели со месеци обожаваат да читаат се за нивната љубовна приказна.

Врската со уметничката Александра ја потврди на крајот на 2019 година кога заедно се појавија на црвениот тепих на еден холивудски настан. Американските медиуми тогаш пишуваа дека парот бил долго време заедно, а се запознале преку работа и почнале да се дружат, а љубовта се родила од пријателството.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma