Кијану Ривс повторно ги воодушеви сите: Дете му пријде за потпис, а тоа што Кијану му го приреди е за пофалба!

popara4 мај, 20231min00
53564_shutterstock-1681128748_f

Кијану Ривс е познат по тоа што е една од најпристапните и најскромните холивудски ѕвезди во светот. За тоа сведочи видеото кое деновиве кружи на социјалните мрежи.

Познато е дека Ривс многу ги сака своите фанови и нема проблем да се слика и да разговара со нив. Токму така изненади млад фан на промоцијата на неговиот стрип „BRZRKR“ во Лос Анџелес.

Момчето по име Ноа дошло кај Ривс и му кажало дека тој е неговиот омилен актер на светот, а Киану веднаш започнал разговор со него. Ривс му се заблагодари за поддршката, а потоа го прашал дали се сеќава на Дјук Кабум од анимираниот филм „Приказна за играчките 4“ од 2019 година, ликот на кој му го позајми гласот.

Момчето рече дека тоа му е омилен лик, а потоа Кијану зборуваше во гласот на војводата Кабум и го воодушеви детето, но и многу луѓе на Твитер, а видеото собра речиси три милиони прегледи.

– На светот му требаат повеќе луѓе како Кијану –
– Прекрасно се однесува во присуство на деца –
– Тој е секогаш толку искрен, скромен и приземјен –
– Тој е многу убав човек – се само дел од коментарите под видеото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma