КЛУЧЕН ПЕРИОД ЗА ЗАЧНУВАЊЕ БЕБЕ: Научниците открија кога треба да имате секс за да забремените

popara20 јуни, 20231min00
676 (1)

Едно ново истражување им понуди на паровите совети за тоа кога да имаат секс за да зачнат бебе

Паровите кои се обидуваат да добијат дете по природен пат треба почесто да имаат секс за време на овулацијата, велат научниците. Имено, едно ново истражување од болница во Шангај им понуди одлични совети на сите парови кои се обидуваат да зачнат.

Врз основа на истражувањето, било откриено дека спермата три часа откако мажот ја достигнал кулминацијата е посилна од онаа во првиот круг. Во исто време сперматозоидите пливаат побрзо и има поголеми шанси за оплодување на јајце клетката поради огромниот број на протеини во спермата, пренесува „Daily Mail“.

Употребата на сперма која настанала помалку од 180 минути откако мажот го доживеал последниот оргазам, ја зголемува стапката на успех на ин витро оплодување за една третина.

Д-р Да Ли, кој ги водел истражувачките проекти, вели дека е погрешно мислењето дека на мажите им требаат помеѓу 24 и 36 часа за да ја надополнат својата сперма по ејакулацијата.

„Пред неколку години, на мажите обично им се советувало да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите за бременост“, изјави таа за „Mirror“.

„Сега е време за промена на мислењата. Нашите податоци покажуваат дека паровите со релативно нормални параметри треба да имаат чест секс во периодот на овулација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag