Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж

popara12 март, 20231min00
Screenshot_13

Дали некогаш сте посакале да заведете маж по кој веќе некое време копнеете, но се плашите да не излезете чудни и смешни додека го правите тоа? Или пак, можеби се плашите да не бидете одбиени? Не сте единствени! Погледнете ги следниве 7 одлични совети кои ќе ви помогнат брзо да ги подобрите вашите заводнички вештини…

 

 

 

 

  1. Смешкајте се и остварувајте контакт со очите

Овие две вештини се основните при заведувањето. Вие на овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храброст за да ви пријдат. Токму тоа ви е важно, се согласувате? Сакате тие да почнат да ви приоѓаат? Насмевката ќе предизвика да делувате многу попристапно, но истовремено и поатрактивно. Не можете да погрешите ако постојано сте насмеани.

 

  1. Бидете пријателски настроени

Ова е вториот чекор кон заведувањето кој ќе ви помогне да го нагласите сиот ваш шарм. Доколку сте природно разговорливи, зошто не се обидете да бидете пријателски настроени и љубезни дури и кога сте во маркет? Луѓето на тој начин полесно ќе ве забележуваат и ќе сакаат да разговараат со вас, па токму така и ќе си ја отворите вратата кон запознавање многу нови луѓе. А што повеќе луѓе знаете, толку поголеми се шансите да го најдете „вистинскиот“.

 

  1. Постојано обрнувајте внимание на вашето однесување

Со цел да станете подостапни, мора да бидете свесни за вашето окружување. Мажите многу често се прашуваат зошто жените кои ги сретнуваат во секојдневниот живот се толку нељубезни. Не сте свесни за тоа? Веројатно не внимавате како се однесувате додека ги извршувате вашите секојдневни обврски. Доколку сте во контакт со луѓе, без разлика на вашата работа, обидете се да си давате од 5 до 10 минути само за разговор и поврзување со луѓето.

 

  1. Скршете го мразот

Бидете храбри и кажете нешто први! Многу мажи се чувствуваат поласкано кога жената ќе го започне разговорот. На тој начин вие ќе му ја олесните работата, но и ќе можете да започнете тема на разговор за која сте сигурни кога зборувате.

 

  1. Бидете онаму каде што изборот е добар

Со цел да ги зголемите шансите за запознавања во текот на целиот ден, почнете да поминувате повеќе време на места каде што има многу луѓе. Без разлика дали станува збор за голем маркет, ресторани, кафулиња… Опкружете се себеси со голем број луѓе и почнете да го анализирате нивното однесување. На овој начин ќе можете многу полесно да дојдете до разговор, бидејќи и двајцата во тој момент ќе правите иста работа.

 

  1. Разговарајте со луѓето додека чекате во ред

Без разлика дали чекате ред на каса во супермаркет, за кафе за носење, покрај банкомат или пак на било кое друго место, искористете го ова време на најдобар можен начин. Не е важно што точно ќе кажете, важно е само да го почнете разговорот. Од таму, работите ќе почнат сами да си течат по природен тек.

 

  1. Опуштете се

Ова е можеби најважниот совет при запознавањето мажи. Вие едноставно морате да се опуштите. Флертувањето не треба да биде ништо повеќе од забавување и опуштање. На овој начин вашата самодоверба ќе порасне, вие ќе станете многу попристапни и посигурни во себе. Не заборавајте дека мажите секогаш се привлечени од атрактивни жени, секогаш насмеани, кои сјаат со висока самодоверба.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma