Клучни грешки поради кои диетата не ви успева

popara1 април, 20231min00
Screenshot_8

Нутриционистите ширум светот секојдневно се соочуваат со грешки кои луѓето ги прават при држење на најразлични диети.

 

 

 

 

 

Во прилог дознајте кои грешки ве спречуваат да загубите килограми.

 

 

Вниманието го ставате на квантитетот, а не на квалитетот на намирниците

 

Наместо да научите како правилно да се храните, се што правите е броење на килограми. Поради тоа немојте да се зачудите ако после некое време им се вратите на старите навики и повторно добиете вишок на килограми

 

Диета по систем на елиминација

 

Секоја диета во текот на која не јадете одредени намирници – на пример глутен, млечни производи, шеќер и други, претставува сигурен начин или да ја задржите сегашната тежина, или пак да добиете дополнителна тежина. Ова никако не се препорачува, освен ако не постојат медицински причини за тоа. Во поголемиот дел од случаите, луѓето ќе сфатат дека не можат понатаму и се откажуваат од диетата.

 

Недоволно внесување на протеини, масти и влакна

 

Сите тие работи се неопходни за чувство на ситост после јадење. Ако упорно не успевате да воспоставите рамнотежа во организмот, големи се шансите дека повторно ќе почнете да се прејадувате, па на тој начин пак ќе добиете вишок на килограми.

 

Претерување со одредени намирници

 

Понекогаш се случува да претеруваме и со здравите намирници, па калориите лесно се зголемуваат.

 

Менталитет се или ништо

 

Ако се прејадете на вечера кај пријателите при прослава на нечиј роденден, потребно е да и се вратите на диетата веќе следниот ден. Значи, не следната недела, следниот месец, или пак следната година. Клучно е веднаш да и се вратите на диетата.

 

Преработени јаглехидрати

 

Можат да се најдат насекаде – во печива, леб, тестенини и така натаму. Тешко е да се намали нивната количина токму поради тоа што ги има на секој чекор, како и поради тоа што претставуваат најлесно решение и што не можеме да им одолееме на нивниот вкус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma