Имате момче или девојка, се сакате и сакате интимна врска. Сепак, не сакате да се каете подоцна – да дојде до несакана бременост? Што би направиле со дете на оваа возраст?
Мислите дека сте повеќе или помалку добро информирани за методите на заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост, но има некои прашања што ве мачат, нешто што сте го слушнале и не сте сигурни дали е вистина.
Еве неколку вакви прашања за можноста девојката да забремени и нивните одговори.
- Дали девојката може да забремени ако сè уште не добила менструација?
Не е невозможно. Можеби првото јајце на девојчето почнало да созрева токму во тоа време – и тоа јајце може да се оплоди. Ако девојката е законски доволно возрасна за да има сексуални односи (односно, ако има 14 или повеќе години), ситуацијата со првото јајце што допрва созрева не е воопшто неверојатна.
- Дали девојката може да забремени ако се двајцата облечени и тој свршил?
Не може, бидејќи спермата не поминува низ текстилот. Сепак, девојката може да забремени дури и без пенетративен секс ако двајцата партнери се голи, бидејќи сперматозоидите се многу подвижни. Најопасно во оваа смисла е допирање на интимните делови на девојката со прсти извалкани од сперма.
- Дали девојката може да забремени за време на менструацијата?
Може. Особено лесно им се случува на тинејџерките, бидејќи нивните менструални циклуси се неправилни, па новата јајце клетка може многу брзо да созрее – а сперматозоидите во телото на девојката можат да преживеат неколку дена.
- Ако момчето го извади пенисот пред оргазам, дали девојката може да забремени?
Може. За време на самиот однос се лачи одредена количина на сперма, а доволен е само еден сперматозоид за оплодување на јајце клетката.
- Ако девојката голта сперма за време на орален секс, дали може да забремени?
Не може. Спермата потоа стигнува до желудникот и не може да ја оплоди јајце клетката. Од орален секс не можете да забремените, но можно е пренесување на сексуално преносливи болести.
- Ако момчето и девојчето се во када полна со вода, уживаат во петинг, а тој сврши, дали девојката може да забремени?
Ваквите приказни повеќе личат на урбани легенди отколку на реалност. Во принцип, сперматозоидите умираат во контакт со вода, така што шансите девојката да забремени на овој начин се навистина минимални.
- Дали кондомот навистина 100 процентно штити од бременост ?
Не. Со правилна употреба, кондомите штитат од бременост и сексуално преносливи болести во деведесет и нешто проценти од случаите. Случајно може да го оштетите кондомот со нокти, може да се скине, да не забележите дека му поминал рокот… Ако се штитите од бременост само со кондом, треба да внимавате на сето горенаведено. Се смета дека најсигурна заштита е ако се комбинираат контрацептивни таблети и кондом.