
Овој природен освежувач ќе го разубави вашиот животен простор
Нема ништо подобро од тоа да влезете во домот и да почувствувате убав, освежителен мирис што се шири наоколу.
Можеби не сте знаеле, но мирисот во нашите домови многу влијае на нашето расположение. Затоа, доколку сакате да бидете опуштени и смирени, треба да размислите за убав мирис во вашиот дом.
Можете сами да направите природен освежувач. Подолу е рецептот за природна арома која е поефективна од препаратите купени во продавница кои само го прикриваат непријатниот мирис, пишува „Swiftlyus.com“. Состојките не се скапи, а ќе им се допадне на сите што ќе дојдат во вашиот дом.
Состојки:
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 шолји млака вода
- 3 лажици омекнувач по избор
- шише со распрскувач
Подготовка:
Истурете го омекнувачот во шише со распрскувач, а потоа млаката вода и сода бикарбоната. Затворете го шишето и мешајте додека смесата не стане хомогена.
Смесата е готова и подготвена за употреба. Испрскајте секаде каде што мислите дека има потреба.