Кога еднаш ќе го пробате,никогаш повеќе нема да го купите од маркетите:Рецепт за највкусното медено срце кое ќе го правите еднаш неделно

popara9 октомври, 20231min00
Медено срце-домашен колач

Ги мешате сите состојки,печете,прекривате со џем и глазура и го имате најубавиот домашен колач во кој ќе ужива целото семејство.Нема ништо поубаво од домашните колачи на кои секоја домаќинка им додава многу љубов додека ги подготвува.

Изгледа дека нема човек кој не го сака „Медено срце“,а домашната верзија на овој колач е многу поубава и повкусна од онаа купена во продавница.

Ви препорачуваме веднаш да направите двојна мерка,бидејќи брзо исчезнува од чинијата.

Многу лесно се прави,само треба да ги измешате состојките и да испечете,па да го премачкате со омилениот џем од кајсии и чоколадна глазура.

Состојки:

2 чаши брашно
1 чаша шеќер
2 лажички цимет
1 кесичка сода бикарбона
1 чаша вода
4 лажици џем од кајсии + за премачкување на колачот по желба
200 гр чоколадо
малку масло или маргарин

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, циметот, шеќерот и сода бикарбоната,а потоа додадете ја водата и џемот кои претходно заедно сте ги измешале.

Кога сè убаво ќе измешате, истурете го во плех и печете го околу половина час на 200 степени.

Кога тестото е готово,намачкајте го топло со џем и оставете го да се излади.

Потоа направете ја глазурата така што ќе го стопите чоколадото и ќе додадете масло и маргарин.

Кога глазурата е готова,премачкајте ја преку колачот и оставете да се излади.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma