Кога жените, а кога мажите се најрасположени за секс?

popara4 декември, 20231min00
Screenshot_2

Дали сте слушнале за терминот сексуална кулминација? Иако на почетокот звучи како да зборуваме за оргазам, сепак овој термин се однесува на периодот од животот кога е најголем интересот за секс, кога е најудобен и кога најмногу размислуваме за него.

 

 

 

Иако е логично да заклучиме дека својот сексуален врв се постигнува во младите години, истражувањата покажуваат дека тоа е далеку од вистината. Книгите на познатиот истражувач Алфред Кинси кажуваат многу интересни факти за оваа тема.

 

На пример, погрешно е да се верува дека сексуалниот нагон е најсилен во пубертетот или во адолесцентниот период, а уште поинтересен е фактот дека мажите и жените го доживуваат врвот на својот сексуален нагон во различни периоди од животот.

 

Во едно од неговите студии, Кинси ги прашал мажите и жените во кои години го доживеале најдобриот секс, кога најмногу уживале во него и кога доживеале најмногу оргазми.

 

Статистиката покажала дека мажите најмногу уживале во сексот во 17-тата и 18-тата година од животот , додека кај жените тоа било многу подоцна.

 

Имено, жените го доживуваат својот сексуален врв дури во средината на 30-тите години , а главната причина е самодовербата.

 

Кога жената ќе достигне одредена возраст и ќе се пронајде себеси, таа станува позадоволна од своето тело, а со тоа и поопуштена. Веќе не се оптоварува со својот изглед, избира пози кои ѝ се удобни и пријатни, а не оние во кои изгледа привлечно. Исто така, жената тогаш знае што сака и не ѝ е проблем тоа да го каже.

 

Истражувачите ги опишаа жените во нивните 30-ти како жени со сексуално искуство, што значи искуство во познавање на нивните желби и потреби, а не бројот на мажи со кои имале сексуални односи.

 

Кога зборуваме за сексуалното искуство на мажите, тоа обично е во контекст на бројот на жени со кои спиеле и сите тактики и стратегии што ги научиле во текот на нивниот сексуален живот. Така, со текот на годините, жените учат за себе, а мажите учат за жените. И тоа е совршен рецепт за добар секс подоцна во животот.

 

Помладите девојки, пак, не се вешти да ги соопштат своите желби и потреби со партнерот, а незадоволството од нивното тело најмногу влијае на нивниот сексуален живот. На пример, во едно истражување, дури 30 отсто од девојките признале дека се обидуваат да го сокријат својот стомак за време на сексот, па истражувачите лесно можеле да најдат врска помеѓу добриот секс и самодовербата.

 

Со текот на годините, жените учат за себе, а мажите учат за жените. И тоа е совршен рецепт за добар секс подоцна во животот.

 

Истото истражување покажало дека жените на возраст од 27 до 45 години имаат најчести сексуални односи. Жените во овој период од животот најчесто раѓаат деца, а бременоста може да влијае на хормоните и да го подобри сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma