
Постои брз и лесен начин да ги освежите ѕидовите и да ја вратите нивната чистота по неколкумесечна нечистотија.
Меѓутоа, пред да започнете со овој процес, важно е да ја исчистите површината на ѕидовите со суви крпи и правосмукалка.
Што ако на ѕидот се појави неочекувана дамка?
Значи, смесата која може да ги отстрани нечистотиите од ѕидовите е направена од амонијак, бел оцет и малку сода бикарбона.
Измешајте ги овие состојки во сад, а потоа натопете сунѓер или чиста крпа во смесата, со која ќе ги избришете ѕидовите од подот до таванот. Потоа поминете го исчистениот дел од ѕидот со крпа натопена во чиста вода. На крајот исушете ги ѕидовите со фен.
Сепак, важно е пред да започнете со ова, да тестирате како ѕидот и вар реагираат на оваа смеса. Тоа ќе го направите така што ќе го испробате домашниот производ за чистење на дел од ѕидот кој вообичаено не се гледа.