Кога милионерка го слави првиот роденден на синот: Ѕирнете на луксузната забава која ја организираше Кајли

popara4 февруари, 20231min00
tan2020-5-29221942970-830x0

Светски познатата инфлуенсерка Кајли Џенер со секој нејзин чекор привлекува големо внимание во јавноста, а неодамна се најде во центарот на медиумското внимание, кога реши на јавноста да и го открие името на својот син.

Кајли го именуваше својот син пред неговиот прв роденден. Иако првично го нарекла детето Волк еден месец по породувањето, набрзо се предомислила, а размислувањето за новото име траело речиси до првиот роденден.

Кајли вчера со семејството го прослави првиот роденден на синот Aire, а по тој повод приреди голема прослава и вистинска мала детска бајка. Балони, скапи играчки, торта во форма на тркачки автомобил, се само дел од деталите во кои децата би можеле да уживаат на роденденот на малиот Aire.

Откако на својата приказна сподели фотографии од роденденската забава, Кајли објави емотивно видео во кое се прикажани најубавите моменти со нејзиниот син Aire, заедно со емотивна порака која трогна милиони.

– Aire, синко, мојата месечина, моите ѕвезди. Ова е најдобрата година во мојот живот со тебе. Не исполнуваш ангелу мој. Те сака мамa, среќен 1-ви роденден. Господ да tе благослови секогаш – напиша Кајли во честитката за синот на својот Инстаграм.

Да потсетиме, Кајли веќе ја има четиригодишната ќерка Сторми со раперот Тревис Скот. Се шпекулира дека парот ставил крај на својата љубов, но дека се во одлични односи поради децата.

Погледнете како изгледаше видеото и забавата на Кајли:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma