Кога ќе се здружат Манескин и Том Морело: Слушнете ја „Gossip“

popara16 јануари, 20231min00
premijera-filma-elvis-kanski-filmski-festival-16-830x0 (1)

Новиот албум на Манескин „RUSH!“ официјално ќе излезе на 20 јануари, а ќе содржи вкупно 17 песни.

Главниот сингл на албумот е песната „Gossip“, во која групата Måneskin беше домаќин на Том Морело, член на легендарните Rage Against The Machine и Audioslave.

Синглот „Gossip“ беше објавен на 13 јануари, а членовите на Måneskin по повод оваа фантастична соработка изјавија:

– Неверојатното искуство на Том Морело ни овозможи подобро да го разбереме процесот на снимање песни. Не можеме доволно да му се заблагодариме што ни се придружи на оваа песна. Неговото присуство е чест за целиот бенд – изјави Дамијано.

– Го донесе бесот кај Манескин – рече Итан.

– Том е еден од најголемите музичари од кои сум слушал и научил. Свирењето со него е остварување на сонот. Тоа е неверојатен подарок и за мене најважниот момент од оваа неверојатна година – додаде Томас.

– Песната започна со гитарски риф кој Томас го имаше напишано претходно и што го чувавме долго чекајќи го вистинскиот момент. Музичката икона Том Морело ни се придружи и додаде нешто посебно на класичната ритмичка безгрижност на Манескин – рече Вик.

– Кога слушнав дека постои рокенрол бенд растура низ светот и е по потекло од Италија, помислив „Навистина? Ајде!“, но кога ги видов во живо, бев воодушевен. Тие се гласни без пардон, секси и рокерски и заслужуваат да бидат носители на новиот рокенрол бран за помладата генерација. Тие се добар бенд, сите свират одлично, пишуваат одлични песни и се феноменални во живо! Многу личат на бендовите од 90-тите. Сигурен сум дека ќе продолжиме да соработуваме и во иднина – изјави Том Морело.

Албумот „RUSH!“ продуциран од Фабрицио Ферагуцо и Макс Мартин е снимен во Лос Анџелес, Италија и Токио и ги има претходните синглови: „Mammamia“, „Supermodel“ и моќната поп балада „The Loneliest“, новиот сингл „La Fine“, синглот со Том Морел, „Gossip“ како и единаесет нови песни.

Манескин на почетокот на годината ќе ја продолжи распродадената LOUD KIDS TOUR во Европа, а првиот датум е на 23 февруари, кога ќе свират во Пезаро (Италија).

Слушнете ја песната:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma