Топ моделот Емили Ратајковски и нејзиното ново момче Ерик Андре ја официјализираа својата врска на Инстаграм позирајќи голи на посебниот празник на љубовта.
Откако актерот и познатата манекенка беа забележани заедно на кошаркарски натпревар во Медисон Сквер Гарден, официјализирајќи ја својата врска јавно со објавување заедничка фотографија, фановите не можат а да не сакаат да дознаат повеќе за новото момче на манекенката.
Ерик Андре е познато име во забавната индустрија бидејќи тој не е само комичар, туку и актер, продуцент, телевизиски водител и писател.
Американскиот изведувач носи многу капи, а сега и онаа на новото момче на Емили Ратајковски.
Ерик е роден на 4 април 1983 година во Бока Ратон, Флорида. 39-годишниот актер со христијански корени го посетувал музичкиот колеџ Беркли, каде свирел контрабас и дипломирал музика во 2005 година, пишува National Today.
Ерик ја започна својата кариера како стенд-ап комичар во 2003 година.
Според различни извори, Ерик признава дека отсекогаш бил кловнот во групата и дека глупавиот шарм е она што го прави толку популарен меѓу неговите обожаватели и во индустријата.
Ерик може да се види во серии како „Broke Girls“ во која гостуваше како Деке во „Man Seeking Woman“ каде три сезони го играше Мајк.