Иако стареењето е нешто што не можеме да го избегнеме, сепак процесот на стареење можеме значително да го забавиме со правилна исхрана, а со самото тоа да ја сочуваме енергијата и издржливоста. Прочитајте кои шест намирници помагаат при зачувување на младешкиот изглед.
Јогурт
Јогуртот содржи „добри“ бактерии кои помагаат при процесот на варење на храната, го прочистуваат дигестивниот систем и ги спречуваат инфекциите на цревата. Освен тоа, јогуртот содржи и калциум кој ги зацврстува коските и ги намалува заболувањата.
Риба
Со вклучување на рибата во вашата исхрана, не само што ќе делувате превентивно на процесот на стареење, туку и ќе го заштитите вашето срце од различни болести. Рибата содржи омега 3 масни киселини кои го спречуваат запушувањето на артериите и на тој начин делуваат позитивно во одржувањето на нормалниот ритам и функцијата на срцето.
Ореви
Оревите се богати со незаситени масти кои го спречуваат ракот и болестите на срцето. Освен тоа, тие содржат витамини и минерали кои делуваат како антиоксиданти.
Чоколадо
Флавонолот кој се содржи во чоколадото помага во нормалното функционирање на крвните садови. Го спречува дијабетесот и проблемите со повишениот крвен притисок, ги чува бубрезите, со што се продолжува младоста на телото.
Маслиново масло
Маслиновото масло содржи полифенол, антиоксиданти и незаситени масти кои превентивно го штитат срцето од болести.
Црвено вино
Црвеното вино содржи ресвератол кој го забавува процесот на стареење на клетките во телото. Здраво е ако се конзумира во умерени количини, а истражувањата покажуваат дека ја спречува загубата на меморијата во староста.