Кои се најчестите повреди кои настануваат за време на сексот?

popara14 февруари, 20231min00
676

Што се однесува до самиот тип на повреди, на врвот се модринки, гребаници и уринарни инфекции.

Продавачот на секс играчки „Love Honey“ направил истражување на 1.003 луѓе, кое покажало дека дури 42 отсто од луѓето доживеале барем една сексуална повреда, а најранливи се луѓето на возраст од 25 до 35 години, дури 66 отсто, додека жените (47 проценти) се повеќе склони на несреќи во спалната соба отколку мажите (33 проценти).

Што се однесува до самиот вид на повреди, на врвот се модринки, гребаници и уринарни инфекции.

Класичниот секс во никој случај не бил единствената причина за несреќи во спалната соба, бидејќи речиси половина од машките испитаници признале дека доживеале повреди за време на орален секс, во споредба со само 17 проценти од жените.

Некои од најчестите повреди се исто така истегнати мускули, повреда на грбот, алергиска реакција, повреда на анусот, хемороиди, истегнување на глуждот итн.

Во продолжение погледнете ги најчестите повреди во спалната соба – според истражувањата:

– модринки – 33 проценти

– гребнатинки – 31 отсто

– уринарни инфекции – 29 проценти

– истегнат мускул – 25 проценти

– вагинално воспаление – 18 проценти

– повреда на грбот – 13 проценти

– алергиска реакција – девет проценти

– повреда на анусот – осум проценти

Откако ги откри најчестите сексуални повреди, сексологот Шантел Отен даде неколку совети како во иднина да избегнете вакви катастрофи во спалната соба.

Она што не е чудно, најчесто место на тие повреди е спалната соба (56 проценти), но останатите 44 проценти се очигледно разни други локации, како хотелски соби, лифтови и авионски тоалети.

Иако, исто така, било откриено дека луѓето се здобиваат со сексуални повреди на голем број други места, речиси секоја четврта повреда се случува при туширање и секоја петта во хотелска соба.

Некои од поскандалозните места каде што луѓето биле сексуално повредени се тоалетите во авионите и работното место.

Што се однесува до уринарните инфекции, сексологот Шантел Отен изјави дека жените можат да ги спречат со мокрење пред и после секс, бидејќи така се исфрлаат несаканите бактерии, додека мажите треба да го прават истото, но да почекаат 15 минути по сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma