КОЛАЧ ПО КОЈ ПОЛУДЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ! Не чини многу и лесно се прави (ВИДЕО)

popara13 април, 20231min00
686344_screenshot-2_f

Многу популарниот колач е сладок сендвич, кој има едноставен крем помеѓу корите, па затоа не е скап.

Состав:

4 јајца

40 гр брашно

1 лажица какао

40 мл масло

45 мл млеко

65 гр шеќер

1 лажица сок од лимон (по желба)

За филот:

120 мл слатка павлака

1 лажица шеќер

Подготовка:

Одвојте ги жолчките и белките, а потоа белките чувајте ги во фрижидер додека не ви затребаат. Во сад измешајте ги млекото и маслото, па додајте просеано брашно и какао.

Соединете, па додадете ја жолчката и повторно добро измешајте. Изматете ги белките, па постепено додавајте го шеќерот и матете додека не добиете тврд снег. Додадете во смесата со какао и нежно измешајте.

Обложете четвртаст калап со хартија за печење, па истурете ја смесата. Протресете да се изедначи, па печете во загреана рерна на 150 степени околу 40 минути.

Кога ќе се излади пресечете го на половина за да добиете два правоаголници. Слатката павлака изматете ја со шеќерот и премачкајте врз едната кора, па преклопете со другата. Завиткајте го колачот во проѕирна фолија и кратко изладете го во фрижидер. Исечете на триаголници и сервирајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma