Колку вода ни е потребно за време на вежбањето? Еве на што да обрнете внимание

popara28 април, 20231min00
5458cac6e0bdfc3e4fd0c7f8f1c3985fe4017fcf

Доколку не пиете доволно вода дневно, може да почувствувате голем број непријатни симптоми како што се раздразливост, проблеми со концентрацијата… Хидратацијата во текот на денот е задолжителна бидејќи губиме вода кога дишеме, се потиме… Ова последното е особено важно е да се земе предвид кога се работи за вежбање. Хидратацијата е клучна кога вежбате.

Вежбањето помага вашето тело да биде посилно и поздраво, а ако сте правилно хидрирани, вашето тело ќе може полесно да се движи. Правилната хидратација исто така ви помага брзо да се опоравите од тренингот и да спречите грчеви за време на активноста. Идеално, треба да одите на тренинг хидрирани.

За оптимални перформанси на тренингот, Американскиот совет за вежбање препорачува да се пие околу една чаша течност на секои 10 до 20 минути вежбање за да се замени губењето на течности. Подеднакво е важно да се хидрирате пред, за време и после вежбање. Можете да се измерите пред и после тренинг за да видите колку вода изгубивте со потта и дишењето.

Можно е да пиете премногу вода додека вежбате

Неопходно е да се разбере дека не сите имаат исти потреби за хидратација. Колку вода треба да пиете дневно зависи од неколку фактори како климата во која се наоѓате или вашата тежина, па затоа не е добро автоматски да ги следите туѓите шеми за хидратација, туку треба да го следите сопственото тело.

Видовите на вежбање бараат и различна хидратација. Опуштеното вежбање јога или пилатес во ладна просторија ќе бара од вас да пиете помалку вода во споредба со тренингот со висок интензитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag