Според верувањето, колку повеќе расте, толку повеќе пари привлекувате. Малкумина знаат дека ова растение може да цвета, а неговите цвеќиња се симбол на убавина и изобилство
За да го одржите вашето дрво на пари здраво, напредно и полно со цвеќиња, обидете се да го нахраните со овие природни состојки.
Красулата или дрвото на парите е растение кое во фенг шуи се смета за магнет за изобилство. Овој тип на сукулент има тркалезни месести листови кои наликуваат на монети, па оттука и името дрво на парите.
Красулата не е комплицирана за нега, бара навремено наводнување (што е исклучително ретко во зимските месеци) и поволна светлина. Според верувањето, колку повеќе расте, толку повеќе пари привлекувате. Малкумина знаат дека ова растение може да цвета, а неговите цветови се симбол на убавина и изобилство.
Со цел вашето дрво на пари да биде здраво, просперитетно и полно со цвеќиња, обидете се да го храните со природни состојки. Потребни му се калциум и фосфор, кои позитивно влијаат на развојот на коренот, но и на формирањето на нови ластари. Исто така, азотот го поттикнува зеленилото на растението, но мора да бидете внимателни со него, бидејќи во големи количини може негативно да влијае на красулата.
Еден од најдобрите избори за органско хранење се лушпите од јајцата, кои се исклучително богати со калциум. Измелете ги лушпите од јајцата во мелница за кафе, а потоа измешајте 1 лажица од тој прав со шеќер и 1 лажица земја. Сè добро измешајте, истурете во саксијата и наводнете го растението. За дополнителен ефект, можете да смелете кора од банана, што е исто така одличен начин за хранење на цветот.
Покрај исхраната, најважна состојка за развој на растенијата е љубовта. Цветовите ја чувствуваат вашата енергија, а доколку ги негувате со многу љубов и наклонетост, можно е постојано да растат и да се развиваат.