Прекумерното внесување сол може да има негативно влијание врз здравјето
Натриумот не треба да се исфрла од исхраната бидејќи припаѓа на минералите важни за организмот. Главен извор на натриум е солта во форма на натриум хлорид, каде 40% е натриум, а 60% хлорид.
Натриумот игра една од клучните улоги во одржувањето на нормалното функционирање на нервите и мускулите. Бубрезите се тие кои учествуваат во регулирањето на нивото на натриум во телото.
Се проценува дека на телото му требаат околу 186 mg натриум дневно за оптимално функционирање. Сепак, речиси е невозможно да се ограничи внесот на толку мала доза и да се задоволат сите енергетски потреби, како и да се исполни препорачаниот внес на други важни елементи.
Според тоа, Институтот за медицина издал препорака возрасните да консумираат околу 1.500 мг натриум дневно, како што пишува „Healthline“.
Доколку консумирате големи количини сол долго време, се зголемуваат шансите за развој на болести како што е висок крвен притисок.