„КОНЕЧНО ГО НАПРАВИВ ТОА“ Шерон Стоун отсекогаш била застапничка на ПРИРОДНАТА УБАВИНА, а сега ги изненади сите со новата објава (ФОТО)

popara12 март, 20231min00
Screenshot_14

Познатата актерка Шерон Стоун се пошегува на социјалните мрежи дека го одбележала својот 65-ти роденден со пластични операции, објавувајќи фотографија на која нејзините усни изгледаат драматично поголеми.

 

 

 

„Го направив тоа. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму она што го сакате”, напишала таа.

 

Сепак, Индипендент опиша за што всушност се работи

 

– Шерон го постигна овој екстремен изглед благодарение на Wax Lips, бонбона со вкус на цреша во форма на преголеми, црвени усни.

 

„Изгледа сосема природно“, „Едвај ја гледате разликата. Убаво направено“, се пошегувале нејзините следбеници.

 

Погледнете ТУКА

 

Актерката и претходно зборуваше за честото третирање со ботокс, се додека не доживеа мозочен удар, што ја принуди да ги преиспита процедурите.

Имено, минатиот септември за Вог Арабиа таа откри: „Имаше период на слава кога правев ботокс, филери и слично, а потоа имав голем мозочен удар и деветдневно крварење во мозокот и морав да имам повеќе од 300 инјекции на ботокс и филери со цел да се врати едната страна од лицето“.

 

Ова шокантно искуство го променило начинот на кој таа гледала на естетската хирургија, претворајќи ја од „сладок луксуз во еден вид болна невролошка потреба“.

И покрај искуството, изјави Стоун за магазинот, таа се чувствува „навистина среќна“ и „никогаш не била толку среќна“.

 

„Се чувствувам како ова да е највозбудливиот и најкреативниот период во мојот живот“, рече таа

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma