„Конечно си слободен…“ Мет Лебланк за прв пат се огласи по смртта на колегата од „Friends“ со зборови кои ќе ви го скршат срцето

popara14 ноември, 20234min00
matthew-perry-metju-peri-4-830x0

Актерот Мет Лебланк му оддаде почит на својот колега од „Friends“ во неговата прва соло објава за смртта на легендарниот Метју Пери.

Во објава на Инстаграм, Мет потресно напиша:

– Метју, со тешко срце се збогувам со тебе. Времето што го поминавме заедно е меѓу омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брате, конечно си слободен. Ти испраќам многу љубов и претпоставувам дека ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш, напиша Мет Лебланк во емотивната објава.

Да потсетиме, актерот Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година, а беше погребан неколку дена подоцна на интимна церемонија на која присуствуваа само неговите најблиски членови на семејството и пријателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc)

Пери е најпознат по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Friends“, а со својот пријател дојдоа да се простат и славната петорка која глумеше со него – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Во заедничката изјава изјавија дека се целосно скршени, а Метју им бил како брат.

– Сите сме целосно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од само актери. Ние сме семејство. Има толку многу да се каже, но сега ќе одвоиме време да тагуваме и да ја обработиме оваа неразбирлива загуба. Ќе кажеме повеќе со текот на времето, како и кога можеме. Засега нашите мисли и нашата љубов се со неговото семејство, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот – изјавија главните актери на „Friends“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma