Кога станува збор за некои посебни прилики, како свечени прослави или само правење професионални фотографии за Инстаграм, многу девојки се одлучуваат за контурирање.
На TikTok се појави нов тренд на ваква шминка, а вклучува и специјален реквизит – вилушка!
Зошто вилушка?
Па, затоа што меѓу нејзините запци можеме да нанесеме шминка многу прецизно, токму онаму каде што треба.
Ставете ја вилушката така што да ви го покрие целиот нос, а потоа нанесете посветла нијанса на коректор во средината, а преку левиот и десниот шлиц на вилушката нанесете бронзер во потемна нијанса.
Така ќе добиете многу прецизни линии, кои само треба добро да ги изблендирате со четка.
Погледнете како би требало да изгледа:
@feliciamaariemakeup makeup hack!! 😮 #howto #makeuphack #houseoftiktok #fy #finalsathome #makeuptips