Корисни совети:Трикови со кои автомобилот нема да ви замрзне наутро

popara4 декември, 20231min00
Трикови со кои автомобилот нема да ви замрзне наутро

Ова се случува многу за време на постудено време и пониски температури, но проблемот лесно се решава

Не чекајте утро да го решите проблемот со замрзнатиот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен доколку внимавате на некои работи и правите одредени работи кои ќе го спречат тоа. Ова се одлични совети како да спречите да ви замрзнат стаклото,вратата и бравата и како да си помогнете доколку тоа се случи, пишува  INForum.

Изберете источна страна:ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел на исток. Така, првите утрински зраци полека ќе го стопат мразот на шофершајбната.

Алкохолот и сапунот помагаат:Направете стаклен одмрзнувач кој само ќе го испрскате на мразот наутро.Во шишето ставете литар алкохол,децилитар вода и 1 лажичка детергент за миење садови.Добро протресете.Постои уште еден рецепт – истурете алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода) во шише со распрскувач.

Заштитете ги бравите од мраз:Ова е местото каде што WD40 помага.Испрскајте го во бравите на вашиот автомобил и нема да замрзнат преку ноќ.

За да не замрзне вратата:Многу е едноставно, е што треба да направите е да ја премачкате гумата околу вратата на автомобилот со малку маснотија.Тоа може да биде глицерин,вазелин,растително масло за јадење итн.Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за следното утро да можете без проблем да ја отворите вратата.

Ако се најдете некаде во градот,прозорците ви замрзнуваат,а немате спреј,топла вода или стругалка – посегнете по банкарската картичка и истружете го мразот.Ќе оди малку побавно,но по некое време сепак ќе можете да влезете во автомобилот и да возите дома.

Чорапи на бришачите: Да,добро прочитавте.Ставете стари чорапи на бришачите за да не ги најдат „залепени“ на замрзнатото стакло наутро.Или,едноставно подигнете ги од стаклото за да не се залепат.

Надворешните ретровизори на автомобилот нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив.Можете да ги завиткате и со ластик.

Ставете картон на прозорците:Ова е одличен начин да спречите воопшто да замрзнат стаклата на автомобилот,што често го користат возачите.Наместо картон,можете да ставите и стара крпа. Можно е и одмрзнување на возилото со мешавина од ладна вода и сол.Ставете лажичка сол на литар вода,протресете ја додека солта не се раствори,а потоа внимателно прелијте ги замрзнатите површини – работ на вратите на автомобилот и рачките на вратите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag