Корсет: Моден тренд или алатка за мачење?

popara13 декември, 20231min00
shutterstock1923185741-830x0 (1)

Корсетот може да додаде автентичен „допир“ на секој изглед, нагласувајќи ја женската фигура на уникатен начин. Тој е многу популарен како моден додаток, и е симбол на женственост и елеганција која еволуирала низ вековите.

Потекнува од Италија во 16 век. Ова парче облека имаше за цел да го обликува женското тело и стана популарно во високото општество. Тогаш се носеше како стандардно парче долна облека. Низ вековите корсетот претрпел бројни трансформации, но отсекогаш останал симбол на женственост. Сепак, дали е така?

Корсет во 16 век: симбол на статус и моќ

Во 16 век носењето корсет беше повеќе од моден детал. Тоа беше симбол на статус и моќ. Корсетите биле направени од тешки материјали и животински коски, што укажувало на богатството и престижот на оние што ги носеле. Ова парче облека имало за цел да го обликува женското тело, нагласувајќи го струкот и создавајќи совршена силуета, но и поради својата тежина корсетот бил многу непрактичен и неудобен.

Средство за мачење или неопходно парче за секоја дама?

Корсетот, кој некогаш беше симбол на женското потчинување и тортура, денес стана популарен моден додаток кој многу жени сакаат да го носат. Сепак, не може да се занемари дека некои критичари на овој моден тренд изјавија дека корсетот некогаш бил парче за „мачење“. Овие тврдења главно се однесуваат на потенцијални здравствени проблеми, кои можат да бидат предизвикани од носење корсет долго време.

Некои од проблемите при неправилно носење на корсетот се проблеми со дишењето, варењето, а во некои екстремни случаи и деформитети на ‘рбетот. Овие проблеми може да настанат како резултат на прекумерно затегнување на корсетот, што може да доведе до притисок врз внатрешните органи и ‘рбетот, што некогаш било исклучително чест случај.

Истакнување на фигурата во 19 и 20 век

Како што минуваа годините, корсетите останаа популарни како начин да помогнат во обликувањето на половината. Во 19 век, корсетите станаа полесни и пофлексибилни, користејќи челик и сатен. Променет е и дизајнот, од строго правилни форми до различни стилови. Корсетот стана неопходно парче за секоја дама, симболизирајќи ја елеганцијата и софистицираноста.

Во текот на 20 век, корсетите се менувале и во материјалите и во дизајнот. Тие станаа полесни и пофлексибилни, користејќи различни материјали како што се сатен, чипка, па дури и латекс. Променет е и дизајнот, од строго правилни форми до различни стилови кои нагласуваат различни делови од телото. Корсетот стана моден додаток, додавајќи софистицираност и елеганција на секој изглед. По модните полиња патуваше од елеганција, па се до „уличната облека“, која се носи и денес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag