Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и Тревис Баркер неодамна добија дете. Родителите на новороденото момче, Роки (13), одлучиле нивните семејства и пријатели да го запознаат бебето само „кога ќе бидат поканети“, пишува „Page Six“.
– Кортни и Тревис им порачаа на сите дека ќе одвојат време „само за своето мало семејство“, малку да се одморат, а потоа еден по еден ќе ги поканат членовите на поширокото семејство – рекол извор за странските медиуми.
Кортни рекла дека поставила такво правило поради здравјето на детето и сакала да го заштити.
View this post on Instagram
– Сите мислат дека тоа е дел од нејзината нова стратегија да ги држи на дистанца сите околу неа. – додаде изворот.
Се претпоставува дека Крис Џенер, бабата, прва ќе го посети малиот Роки 13, а прашање е кога Ким ќе има можност да се види со својот братучед.
Не е тајна дека Ким и Кортни имаат затегнати односи, што е видливо во реалното шоу „The Kardashians“.