Актерката Кортни Кокс, која стана светски позната по улогата на Моника во „Пријатели“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Ова ја направи 2.750-та личност што ја добила оваа чест.
Колегите од серијата Џенифер Анистон и Лиза Кудроу дојдоа да и дадат поддршка и одржаа емотивен говор за нејзиниот успех.
– Чест ни е да зборуваме овде денес во твое име, како твои колеги, пријатели, семејство и сестри. И сето тоа се случи затоа што се знаеме долги години – изјави Џенифер Анистон за Page Six, а Лиза додаде дека така е откако се запознале пред 30 години.
– Кортни, само сакаме да кажеме дека сме длабоко, длабоко горди што те познаваме. Ти си дефиниција за навистина убава, талентирана и што е најважно, навистина добра и пристојна жена… Ти благодариме што ни ги збогати животите – додаде Анистон и ја заврши својата многу емотивна и искрена презентација.
Се што требаше да направи Кортни е да им се заблагодари и да ужива во својата среќа. Тие се пример за тоа како работата може да донесе пријателство за живот.