Косата ви е тенка и брзо се масти? Додадете една состојка во шампонот и ќе ги видите ефектите по ПРВОТО МИЕЊЕ

popara21 декември, 20231min00
Screenshot_6

Кожата на скалпот има потреба од нега и ексфолијација, исто како што има кожата на лицето и телото. Добрата вест е што постои начин тоа да го направите без да си го испразните паричникот за скапи козметички производи.

 

 

 

Според дерматологот Франческа Фуско, тајната се крие во шеќерот.

 

Додајте лажичка шеќер во шампонот на дланката, непосредно пред да го нанесете на косата. Кристалите шеќер ќе делуваат како пилинг и ќе помогнат во отстранување на мртвите клетки на скалпот. „Додавањето на лажичка шеќер во шампонот нежно ќе го ексфолира скалпот, а шеќерот лесно ќе се раствори и исплакне, без да остане нешто на косата“ – вели докторката Франческа.

 

Таа тврди и дека длабинското чистење ќе му помогне на регенераторот подобро да навлезе во скалпот и коренот на влакното и да делува поефикасно. „Не само што ќе се ослободите од целата нечистотија, туку отстранувањето на мртвите клетки дозволува регенераторот да продре уште повеќе и да делува поефикасно. Па, истовремено добивате и подлабинско чистење и подобра хидратација“ – додава таа.

 

„Нашиот скап е исто толку важен колку и нашата коса, а можеби и поважен. Запоставениот скалп може да го спречи растењето на нови влакна и да доведе до иритација“ – вели фризерот и стилист Хиро Мијоши и додава дека овој трик ќе го спречи честото мрсење во областа на корените и ќе придонесе за поздрава коса.

 

Сепак, оваа метода не треба да се користи пречесто. Исто како и кај кожата на лицето, прекумерната ексфолијација на скалпот може да го наруши балансот на природни масла кои ѝ се потребни на косата.

 

Се препорачува овој „сладок“ трик да се практикува на секои 3-5 миења на косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag