Речиси и да нема жена која не се пожалила дека косата ѝ се масни на секои два дена и дека ѝ станало заморно да ја суши. Сепак, фризерката Тејлор сподели три важни совети на нејзиниот профил на TikTok кои треба да ги следите доколку сакате вашата коса да биде чиста и здрава подолго време.
Првото правило е да не ја миете косата со топла, туку со млака вода, а тоа е особено важно во зима.
Вториот се однесува на фактот дека косата мора да биде целосно влажна за помала количина шампон да делува поефикасно:
– Шампонот е растворлив во вода, што значи дека му треба вода за да се активира пената – објаснува таа во видеото.
Третиот совет е дека треба да се фокусирате на миење на коренот на косата со шампон. Откако ќе ја насапуни и исплакне косата, таа ја цеди, а потоа го нанесува регенераторот исклучиво на врвовите и средината на косата.
@madeandtaylored Just a little hair wash 101 for ya #licensedtocreate #hairtok #healthyhair #madeandtaylored