Како што е познато, се работи за кавер на песната на “The Zutons“, а во меѓувреме е откриена вистинската Валери од овој хит
Една од најпопуларните песни на Ејми Вајнхаус е „Valerie“. Како што е познато, станува збор за кавер на песната на „The Zutons“, а во меѓувреме е откриена вистинската Валери од овој хит.
Тоа е шминкерката Валери Стар, која го откри ова во интервју за „Vice“.
Како што изјави, била во врска со фронтменот на групата Дејв Мекејб, а дека песната е за неа и потврдил и самиот музичар.
„Се сеќавам кога ми кажа за песната. Тоа беше во стил: „Напишав песна за тебе. И стана сингл“. И не сакаше да ми каже никакви детали. Беше многу срамежлив за тоа. Си помислив во себе: „Валери, како звучи оваа песна?“, рекла Валери, пренесува „Index.hr“.
Песната подоцна беше обработена од Ејми Вајнхаус. А за пејачката, Валери Стар има само пофални зборови.
“Таа беше брилијантен уметник. Беше надвор од своето време. Тоа е толку тажно и трагично, на многу начини. Како и видеото, таа не можеше да биде во него бидејќи беше во својот свет”, изјавила Валери Стар.