Која е дамата која го украде вниманието во Монако: Беатриче Боромео со изгледот потсетуваше на Грејс Кели

popara25 ноември, 20231min00
tan2023-11-19150229072-830x0

Во Кнежеството Монако во неделата се одбележа Националниот ден на оваа мала земја. Во таа прилика беа видени и некои познати фаци. Таму беа принцот Алберт Втори и неговата поубава половина принцезата Шарлин, но сепак една личност им го „украде“ шоуто на присутните со нејзиниот изглед, став и однесување.

Во прашање е Беатриче Боромео (38), родум од Италија, инаку сопруга на Пјеро Казиаџи, најмладиот син на принцезата Каролина од Монако и внука на Грејс Кели.

https://xdn.tf.rs/2023/11/22/profimedia-0823041180-830x0.jpg

За оваа специјална пригода таа се одлучи за плишан бордо комплет од брендот Dior. Должина е миди, јакната е струкирана, а здолништето е во А-линија. Оваа боја го истакнува нејзиниот светол тен, а целиот изглед го заокружи со лакирани чевли, црна чанта и бордо капа кои и дадоа пософистициран изглед. Многумина ги потсети на славната Грејс Кели.

https://xdn.tf.rs/2023/06/27/profimedia-0098308512-830x0.jpg

Да потсетиме дека во 2021 година беше прогласена за најдобро стилизирана благородничка, а со овој изглед ја оправда таа „титула“.

Која е Беатриче Боромео?

Таа потекнува од аристократско синокрвно влијателно италијанско семејство. Нејзиниот татко е грофот Арон, а нејзината лоза Боромео датира од 16 век. Пред брак се занимавала со новинарство и манекенство, а во бракот со Пјеро ги има синовите Стефан (5) и Франческо (6).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag