Хју Грант овие денови на црвениот тепих постојано го придружува сопругата Ана со која е повеќе од една деценија.Додека ужива во мирниот живот,актерот има диво минато,а самата Ана ги почувствувала неговите гревови на своја кожа.
Британскиот актер Хју Грант не се појавува често во јавноста со сопругата,а пред неколку дена направи исклучок и со неа прошета на црвениот тепих на премиерата на неговиот нов филм „Wonka“.
Шармантниот Англичанец дојде со сопругата Ана Еберштајн и на премиерата на филмот во Лондон и во Лос Анџелес,а таа остави впечаток со мини фустанот со долги ракавипрво во бела боја,а потоа и во модел со животински принт.Двојката изгледаше позаљубено од кога било,а неговата љубовна врска со Ана е една од најдолгите што ги имал во неговиот живот,бидејќи пред врската со неа беше познат како сериски заводник во Холивуд.
Турбулентниот љубовен живот на Хју Грант
Позната е неговата љубовна врска со актерката Елизабет Харли,со која помина 13 години и ја изневеруваше со проститутка,по што изби голем скандал и актерот заврши зад решетки.Лиз,сепак,му простила,но по пет години раскинале и останале во одлични односи,па тој го крстил нејзиниот син Демијан.
Следеа многу пократки врски и афери а во 2012 година беше откриено дека актерот бил во хармонична врска со шведската телевизиска продуцентка Ана Еберштајн и дека Грант го добил второто дете во септември истата година.Во тој момент, тој веќе имаше ќерка,Јинг Ши,со кинескињата Тинглан Хонг,но очигледно одржуваше паралелна врска со неа – три месеци откако Хју и Ана го добија синот Џон,Тинглан го роди своето трето дете исто така син.
Сепак,актерот ја продолжи врската со Ана,со која има уште две ќерки,чии имиња не и се познати на јавноста,во 2015 и 2018 година,а се венчаа во мај 2018 година.Како што подоцна призна,би сакал да стапи во брак порано.
– Навистина е убаво,не можам да се преправам дека не е – изјави Грант во емисијата Today. -Требаше да го сторам тоа порано. Навистина сум среќен,имам среќа.Имам прекрасна сопруга.Ја сакам.
Која е сопругата на Хју Грант?
Ана Еберштајн пораснала во Шведска,каде што дипломирала на познатиот универзитет во Упсала,а потоа студирала во Америка,но со години живее во Лондон.
Работела како продуцент на телевизија и за познатиот ESPN,а главно се занимава со производство на видео содржини за маркетинг и рекламирање. Во првите години од врската со Хју Грант, таа ја основа компанијата Ace & Me,која произведува и продава детски чорапи и влечки.
Обично не се експонира многу во јавноста,а повремено го придружува сопругот на важни настани и секогаш изгледа многу елегантно.