Која е НАЈДОБРАТА, а која НАЈЛОШАТА положба за спиење?

popara14 јули, 20231min00
Screenshot_7

Во зависност од тоа во која положба спиете, можете да се разбудите поспани и одморени или ненаспани и уморни.

 

Покрај бројните фактори како исхраната, начинот на живот и физичката активност, на квалитетот на сонот влијае и положбата во која спиеме.

 

Има положби кои треба да се изберат и кои треба да се избегнуваат за да се разбудите одморени.

 

На грб

Спиењето на грб има најмногу придобивки за квалитетот на сонот. На овој начин и дозволуваме на гравитацијата да ги „притисне“ лицето и градите, што е особено важно за луѓето кои патат од горушица.

 

Малку подигната глава ќе им овозможи на цревата да работат правилно за време на спиењето. Сепак, оваа положба не се препорачува за луѓе со апнеја, бидејќи го влошува ‘рчењето.

 

На стомак

Оваа положба рамномерно ја распределува тежината по целиот рбет, а исто така им помага на луѓето со горушица. Меѓутоа, и луѓето кои ‘рчат треба да ја избегнуваат оваа поза.

 

На левата страна

Спиењето на десната страна ги притиска крвните садови и ја спречува циркулацијата. Поради притисокот врз вените, телото често се движи во текот на ноќта, бидејќи не добива доволно кислород.

 

Меѓутоа, кога спиеме на левата страна, кардиоваскуларниот систем работи непречено.

Срцето лесно пумпа крв и нема толкав притисок на овој дел од телото. Меѓутоа, доколку немате проблеми со срцето и циркулацијата, нема причина да ја менувате положбата, доколку сте навикнати да спиете на десната страна.

 

Подигната нога

Положбата во која едната нога е крената, односно свиткана во коленото, не е толку безопасна и треба да се избегнува.

 

Имено, ова потенцијално може да им наштети на луѓето кои имаат болки во грбот бидејќи притисокот на едната нога во текот на ноќта го оштетува грбот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma