Пејачот по кој воздивнуваат девојките ширум светот, Хари Стајлс, има нова љубов! Хари Стајлс ја започна својата следна врска, а неговата нова девојка е актерката Тејлор Расел.
Хари (29) и Тејлор (28) се сликани по нејзиниот настап во театар во Лондон, додека пејачот ја гушка актерката и ја запознава со своите пријатели.
Канадската актерка Тејлор Расел имала тешко детство, се преселила дури 16 пати, бидејќи нејзиниот татко не можел да најде работа. Таа работи од својата 13-та година, бидејќи сакала да биде финансиски независна. Почнала да глуми на 18 години.
Таа има улоги во повеќе телевизиски филмови и серии, а стана позната во серијата на Нетфликс “Lost in space” од 2018 година. Најзабележителна улога досега е во филмот “Bones and all” со Тимоти Шаламе, кој премиерно беше прикажан минатата година на филмскиот фестивал во Венеција.
Погледнете го трејлерот!