За да ви биде успешен бракот, влијаат многу работи. Повеќето парови се одлучуваат да му дадат шанса во првите пет години од заедничкиот живот, пред да одлучат дека не е како што треба и дека е потребен развод.
Истражувањата покажаа дека луѓето на возраст од 28 до 32 години поретко се разведуваат во првите години од бракот. Овие години се сметаат за идеални за стапување во брачна заедница и даваат поголеми шанси дека бракот ќе биде поуспешен.
Претходните истражувања покажаа колку подоцна стапите во брак толку се помали шансите дека ќе се разведете.
Новите податоци покажуваат дека е голема шансата за развод кај оние кои се венчаат како тинејџери или во раните дваесетти, како и кај оние кои ќе се одлучат на овој чекор околу 45 години.
Како причина за зголемен степен на развод кај луѓето над 30 години се наведуваат предиспозициите кои овие луѓе ги имаат.