Украсувањето на елката за многумина е најубавиот празничен обичај и можност да се покаже креативност и имагинација. Најголемите љубители на Божиќ внимателно собираат лампиони и декорации за нивното дрво да блесне и да биде украсено онака како што тие го замислиле.
Секој има свој стил на украсување на елката, а каква и да е, елегантна, шарена, пристојна, бајковита, тоа е најубаво. Затоа што сечие дрво е најубаво и ниеден стил на украсување не е погрешен.
Можеби веќе знаете точно како ќе го украсите вашиот бор, можеби веќе сте го украсиле, но доколку ви треба малку инспирација, во продолжение ви претставуваме пет популарни стилови на украсување на елката. Можеби меѓу нив е и вашиот нов омилен, па оваа празнична сезона сакате да ја украсите вашата елка токму на тој начин.
Црвено-златна
Нема попразнична боја од црвената, која е и најпопуларна во празничното украсување. Бојата ја претставува крвта на Исус бидејќи тој се жртвувал за луѓето и умрел на крстот. За христијаните, црвената боја е толку едноставен, но посебен потсетник за тоа што нивниот спасител направил за нив. Кога на црвено ќе се додаде злато, се создава славеничка комбинација која е секогаш во мода.
Црвена и бела
Наместо златна, можете да комбинирате црвено со бело за многу ефикасна и празнична комбинација. Можете да украсите класично зелено дрво со црвено-бели декорации, а погледнете колку убаво изгледа кога вештачки бор, кој изгледа како да е завеан со снег, ќе украсите со црвени лампиони. Празник за очите!
Пастелна
Пастелните бои се голем тренд во празничното украсување веќе неколку сезони, секогаш изгледаат елегантно, пристојно и префинето. Тие на просторот му даваат и шмек на романтика, а токму оваа комбинација на бела и пастелно розова лесно ќе се вклопи во секој стил на уредување на домот. Доколку сте љубители на ненаметливите пастелни тонови, овој стил на украсување на елката ќе биде по ваш вкус.
Класично шарена
Многумина сигурно се сеќаваат на елките од нивното детство украсени со шарени топчиња и украси кои можеби на почетокот не одговарале заедно, но тоа не било важно. Важно беше што беше весело, колоритно и славенички. Мноштво топки во различни бои и различни видови украси на крајот создадоа совршена хармонија и внесоа насмевка на лицето. Ако сакате шарени работи, оставете ги вашите декорации да бидат одраз на вашиот вкус.
Сребрено-сина
Исто така една од комбинациите на бои која ја паметиме од некои изминати денови, но секогаш во тренд и посакувана. Интересно е што сината боја се поврзува со носталгија, па лесно може да не асоцира на некои минати времиња, а Божиќ е време кога се прават спомени. Иако и сината и сребрената се ладни бои, неверојатно е колку совршено се комбинираат овие два ладни тонови! Среброто ќе даде доза на сјај и гламур, а сината, која секогаш се поврзува со небото и морето, ќе создаде убав смирувачки контраст.