На важен настан во Мадрид, шпанската кралица Летиција се појави во елегантен бел фустан.
Во придружба на сопругот Фелипе и ќерките – принцезата од Астурија Леонор и Софија, кралицата Летиција блесна во бел фустан.
Тие присуствуваа на приемот на Одборот на доверители на Шпанскиот комитет на Фондацијата Обединети светски колеџи во палатата Зарзуела во Мадрид.
Белиот миди фустан без ракави имаше дискретен шлиц на средина и ремен како детаљ. Со него, кралицата искомбинира и едноставни црни салонки. Таа ја обликуваше својата долга негувана коса во бранови.
Кралицата Летиција оваа година веќе се појави во бело. Во една прилика носеше бел комплет – сако без ракави и широко здолниште, со сандали во боја на кожа.