Кралицата Летиција повторно е инспирација
Шпанската кралица Летиција ја покажа љубовта кон светлите бои носејќи розова кошула-фустан.
Познато е дека таа ја користи секоја прилика да облече еден од нејзините фустани со миди должина и докажа дека овие модели се достојни за секоја пригода, од оние опуштени, дневни варијанти, до настани кои бараат чиста елеганција.
Кошулата-фустан со долги ракави ја носеше во класичните салонки за нијанса потемни и на тој начин додаде допир на елеганција.
Таа ја задржа својата неутрална шминка додека косата и беше пуштена во меки бранови.
Доколку и вие барате комбинација која би одговарала на бројни прилики, овој модел на фустан треба да се најде во вашата пролетна колекција на облека.