Кралицата на Мет Галата нема да присуствува на настанот оваа година: Блејк Лајвли има оправдана причина

popara2 мај, 20231min00
blejk-lajvli-blake-lively01-830x0

Вечерва е настанот што го чекаат многумина во Холивуд, Мет Галата во 2023 година, која ќе биде посветена на Карл Лагерфелд.

Во пресрет на модниот настан на годината доаѓа веста дека една од кралиците на црвениот тепих на оваа манифестација нема да дојде.

Блејк Лајвли ќе ја пропушти овогодинешната Мет Гала, бидејќи минатата година беше копретседател, а приреди незаборавен настап во фустан на Версаче. Нејзиниот фустан бил посветен на Статуата на слободата изградена во 1885 година, а фустанот се „преобрази“ пред сите.

Во изјава за E! News зборувајќи за тоа дека нема да ја видиме во музејот Метрополитен, актерката го кажа следново:

– Наместо тоа, ќе гледам на телевизија од мојот кауч.

Блејк Лајвли го доби четвртото дете со сопругот Рајан Рејнолдс пред неколку месеци. Таа ја откри радосната вест додека позираше со сопругот и свекрвата по повод Суперболот кој годинава се организираше во Аризона, пред речиси три месеци.

Мет Гала, која се организира од 1948 година и со која од 1995 година претседава уредникот на американскиот Вог, ја продолжува старата традиција и ќе се одржи во првиот понеделник во мај. Настанот беше откажан во 2020 година поради епидемијата на корона, а во 2021 година се одржа во септември. Темата е „Карл Лагерфелд: линијата на убавина“. Настанот во последните години беше мета на критики дека наводно го загубил угледот, а се очекува да се врати на старите патеки токму поради споменатата тема.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma