Праската е вистинска ризница на хранливи материи
Една од работите поради кои многу луѓе да го чекаат летото се вкусните овошја кои пристигнуваат во овој период од годината. Покрај јагодите и црешите, тука се и праските кои не мамат со својот мирис и вкус.
Праската е идеална, нискокалорична намирница, а воедно и вистинско богатство на хранливи материи неопходни за зајакнување на имунитетот. Витамините во праските можат да заменат речиси 30 проценти од дневните потреби на една личност за витамин Ц и витамин А.
Ако сакате да ги јадете, тогаш прочитајте подолу како праските влијаат на вашето здравје.
- Го чуваат срцето
Студиите на животни покажаа дека екстрактот од праска може да помогне во намалувањето на холестеролот и високиот крвен притисок. Праските се и умерен извор на калиум, кој е важна хранлива материја која помага во контрола на крвниот притисок, пишува „Health“.
- Го подобруваат варењето
Просечната праска содржи околу два грама влакна, од кои половина се растворливи, а половина нерастворливи. Токму нерастворливите делуваат поволно на нашето варење и помагаат при опстипација, додека растворливите ги хранат добрите бактерии кои влијаат на здравјето на дигестивниот систем.
- Го зајакнуваат имунитетот
Редовното консумирање на ова овошје, кое изобилува со споменатите антиоксиданси, витамини и минерали, може силно да влијае на создавање на поотпорен имунитет на организмот, што ни помага полесно да се справиме со сезонските настинки и други болести.
- Добри се за кожата
Екстрактите од праска често може да се најдат во кремите за лице и тело, и тоа со добра причина. Имено, соединенијата од праската ја подобруваат способноста на кожата подолго да ја задржува влажноста, а со тоа и кожата е позатегната. Самите цветови од праска често се користат во алтернативната азиска медицина за ублажување на изгореници од сонце.