КРЕМАСТО РИЖОТО ОД ПЕЧУРКИ: Класичен ручек без мана, направете го повторно!

popara19 октомври, 20231min00
48270_shutterstock-1873488985_f

Јадењата со ориз се меѓу најлесните и најбрзите јадења досега. Сепак, колку што се брзи и едноставни, тие се и хранливи и вкусни. Имајќи го тоа на ум, разбираме дека рижото е секогаш добитна комбинација и затоа денес ви го пренесуваме рецептот за најкремастото рижото идеално за вашиот следен семеен ручек.

Состојки:

1 чаша ориз арборио
250 гр печурки
1 кромид, ситно сецкан
4 чаши бујон од зеленчук
1/2 чаша бело вино
путер
пармезан (по избор)
сол
бибер

Подготовка: Во тавче пропржете го кромидот. Потоа додадете го оризот и динстајте неколку минути. Постепено додавајте го бујонот и белото вино, гответе го рижото додека не се потроши течноста и рижото не стане кремасто. Во друга тава пропржете ги печурките на путер. Кога ќе се подготват, додадете ги печурките во рижото, посолете, побиберете и динстајте уште неколку минути за да ги впие сите вкусови. По желба, послужете го јадењето посипано со рендан пармезан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag