Многу од криенките на Дудолф досега ве измачиле, а веројатно и оваа каде што треба да најдете дури три мачки
Криенката создадена од унгарскиот уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф, ве предизвикува да ги тестирате вашите перцептивни способности, пренесува „Hindustantimes“.
Исто како и многу негови криенки, и оваа може добро да ве измачи да ги пронајдете скриените мачки.
На фотографијата се прикажани многу пингвини, некои со капи на главите, а некои со шалови околу вратот. Меѓу пингвините има и неколку Снешковци.
Ваша задача е да најдете три мачки меѓу нив, а отежнувачка околност е тоа што мачките се обоени како пингвините.
Па, успеавте ли да ги најдете?
Ако сè уште се мачите, погледнете го решението подолу.