Секогаш користете производи за заштита на вашата коса од високи температури пред да посегнете по кој било уред
Навикнати сме, драги дами, да користиме разни уреди за да го добиеме посакуваниот изглед на косата, но понекогаш и нанесуваме поголема штета кога се во прашање високите температури.
Сепак, не постои најдобар начин да се исуши косата. Значи, без оглед на вашиот избор, еве еден брз водич кој сигурно ќе ви послужи, вели ‘Philipkingslei.co.uk’
- Фен за коса
Правилното фенирање нема да ја оштети косата многу, но нормално е дека повисока температура ќе предизвика оштетување на самата коса во вид на кршење или сушење.
Секогаш користете производи за заштита на вашата коса од високи температури пред да посегнете по кој било уред. Ако сте личност која сака да се исчешла пред сушењето со фен, тогаш е добра идеја да користите што понежна четка. Кога ќе почнете да ја сушите косата, секогаш држете го фенот на одредено растојание од косата, најмалку 20 сантиметри, за да не ја изгорите. Започнете со режим на силно дување, а потоа намалете го нивото додека косата се суши.
- Пешкир
Користете пешкир за да го соберете вишокот вода со притискање на косата. Но, не ја тријте косата, бидејќи на крајот ќе имате сува и навидум многу оштетена коса. Најдобро е да користите пешкир од помек материјал, за вашата коса да добие уште подобар третман. Единствениот недостаток е тоа што овој процес е дефинитивно многу побавен од фенот за коса.
- Воздух
Ова е сосема природен метод, кој секако не е добар доколку сте тинејџер кој брза да излезе од дома кога надвор е постудено, но инаку е многу корисен за одмор на косата. Името кажува се, се што треба да направите е да ја оставите косата да се исуши сама од себе по миењето. Ова е одличен метод кога е лето, па кога ќе затопли, дајте ѝ вистински одмор на вашата коса од изложеноста на фен, пегла или фигаро.