Брзо, лесно и толку вкусно.
Ви предлагаме да направите одлични ролни со шунка и сирење.
Нема да губите многу време во кујната, а ќе добиете вкусен појадок или ужина.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
200 гр шунка
150-200 гр сирење
исечен леб
трошки од леб
малку брашно
2 јајца
масло
малку сол
Подготовка:
Со сукало малку расукајте го лебот, додадете шунка и парче сирење и свиткајте. Изматете ги јајцата. Кифличките се валкаат во брашно, се поминуваат низ јајца и се валкаат повторно во брашно.
Пржете во длабоко масло. Извадете ги во хартиена салфетка. Послужете топло.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: