Ароматични и лесни за подготовка
По првомајската скара и уживањето во колачите, домаќинките се прашуваат што за ручек, знаејќи дека сите сакаат полесна храна која нема да им го оптоварува стомакот.
За среќа, пристигнаа младите компири, за чија подготовка има многу рецепти. Еден од оние кои не бараат многу време е рецептот за млади компири со прелив од павлака.
Подготовката е толку едноставна и брза што нема да ги збуни ни апсолутните почетници во готвењето.
Состојки:
1 кг млади компири
180 мл павлака
масло за пржење
сол
2 млади кромиди
Подготовка:
Компирите исчистете ги, добро измијте ги, па пресечете ги на половина, посолете по вкус и ставете ги на салфетка за да се исцеди водата.
Во тавата сипете масло и кога ќе се загрее маслото ставете ги компирите и пропржете ги додека не добијат златна боја.
Извадете ги на чинија, прелијте ги со павлака, посипете со сечкан копар и млад кромид и послужете.
Уживајте!