Ако обожавате вкус на тиквички, едноставно не смеете да го пропуштите чипсот подготвен на овој начин. Превкусен е.
Подготовка
Тиквичката ја лупиме (доколку сакате и не мора, особено младите тиквички) и ја сечеме на тенки парчиња. Јас во овој случај ја исеков на кругчиња со помош на ренде (бидејќи тиквичката беше поголема), а најчесто ја лупам со ноже за лупење зеленчук или овошје во должина (тогаш земам помали тиквички).
Исечените парчиња тиквичка ги ставаме во длабок сад со ладна вода и коцки мраз. Садот го оставаме околу пола час во фрижидер.
Во подлабока чинија ги мешаме двата вида на брашно и посолуваме. Потоа земаме пластичен сад со капак, ставаме од брашното, па тиквички, пак од брашното, па пак од тиквичките…не цела количина на тиквички, туку само неколку реда, потоа ја повторуваме постапката. Затвораме со капакот и се протресува садот.
Во длабоко тенџере ставаме масло за пржење, го загреваме на умерена температура и почнуваме со пржењето. Ставаме уште еден сад со ладна вода и коцки мраз до шпоретот. Зимаме од тиквичките, ги брцкаме кратко во ладната вода, ги цедиме и ги ставаме да се пржат. Бидејќи се тенко сечени брзо се пржат.
Ги вадиме врз хартиена салфета да се исцеди вишокот на масло.
На здравје!