Експертите веруваат дека обликот на носот може да открие многу за личноста
Абрахам Тамир, универзитетски професор, открива дека носот има врска со карактерот на една личност, а тоа го објави во „Journal of Craniofacial Surgery“.
- Грчки нос
Формата се карактеризира со тесна должина со рамна форма, а сопствениците на таков нос често се резервирани и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Важат за лојални и практични луѓе, кои отворено зборуваат за се.
- Нубиски нос
Овој нос е препознатлив по должината. Мостот е рамен, но широката точка на носот е прикажана надолу. Оваа форма значи дека луѓето се многу љубопитни. Многу симпатични и допадливи за останатите, секогаш со позитивно размислување.
- Кукаст нос
Многумина ја споредуваат оваа форма со птичји клун. Луѓето со ваков нос се креативни и самопожртвувани. Тие ги бранат своите верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат своите цели.
- Копчест нос
Овој нос изгледа многу нежно и е најпопуларниот облик денес. Сопствениците на ваков нос се спонтани и често се погрешно разбрани од другите луѓе. Обично, имаат среќа да добијат се што сакаат.
- Конкавен нос
На носната коска има мал лак кој не е воочлив бидејќи целата форма изгледа многу кревко. Луѓето со овој нос се многу дарежливи и подготвени да помогнат секогаш кога некој е во неволја. Тие се многу емотивни и лесно се повредуваат.
- Накривен нос
Големите љубовници најчесто имаат ваков облик на нос. Мостот на носот се истакнува додека врвот е заоблен. Убедени се дека знаат се и се многу заводливи. Тие се одлични слушатели и одлични пријатели.