КУПКА ЗА СТАПАЛА ОД 3 СОСТОЈКИ КОЈА ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА: Одличен ритуал за уморни и отечени нозе

popara21 март, 20231min00
8fc47298b79f85a65af0aff2834c460a766e89a8

Еден од најубавите ритуали после напорниот работен ден е моментот кога уморните стапала ги ставате во топла купка, се опуштите и препуштате на релаксирачки момент. Доколку имате слаба циркулација или долго седите или стоите на работа, оваа домашна купка за стапала може да ви помогне. Според истражувањата, есенцијалните масла можат да го подобрат протокот на крв, но и да ја намалат напнатоста и да го подобрат расположението.

Состојки за топла купка за подобра циркулација:

– 1/2 чаша мелен или свежо рендан ѓумбир
– 5 до 20 капки есенцијално масло по ваш избор (се препорачува лимон, маточина или жалфија)
– 6 лажици обично масло по избор

Подготовка: Ѓумбирот сипете го во 200 мл врела вода, па додадете го во сад со топла вода или во када. Соединете ги основните и есенцијалните масла, па додајте ги во водата во која ќе ги натопите стапалата. Измешајте сè и уживајте во мирисот и релаксацијата. Ако сакате, можете да ги масирате стапалата додека се потопени во бањата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag